ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на изјавата на пратеничката Цветанка Иванова од СДСМ, наведува дека таа се обидува да се „испере“ од личната одговорност за кочење и опструкција на работата на Комисијата за труд и социјална политика.

И СДСМ и Цветанка Иванова, се додава во соопштението, се однесуваа неодговорно кон потребите и интересите на граѓаните.
- Доколку СДСМ и Иванова имаа искрена намера да ја поддржат одлуката на Владата за зголемување на пензиите и социјалната помош на граѓаните на РМ, тоа можеа да го направат преку свикување на седница на Комисијата за труд и социјална политика, на чиј дневен ред беа токму овие закони. Напротив СДСМ и Цветанка Иванова, се одлучија да водат политички игри. Сведоци сме дека таквата опструкција на СДСМ продолжува овојпат во работата на Комисијата за финансирање и буџет, каде што се поднесени над 1200 амандмани чија вредност е двојно поголема од самиот буџет на Република Македонија, ве вели во соопштението.
Писмото што денеска членовите од Комисијата за труд и социјална политика од редовите на опозицијата до претседателот на Собранието, според ВМРО-ДПМНЕ е избрзано и непромислено реагирање. Тоа, според нив, е исклучиво плод на писмото што предлагачот на Законот за посебните права на бранителите и го упати на Цветанка Иванова, како претседател на соодветната комисија, со кое што од неа лично се бара да си ја врши работата, за која што е избрана и да ја свика седницата на која се разгледуваат посебните права на бранителите.
- СДСМ треба да сфати дека постојат работи кои не смеат да бидат предмет на нивните дневно политички сплеткарења. СДСМ треба да се вразуми и да престане да ги става на коцка интересите на граѓаните поради нивниот политички бенефит, се наведува во соопштението.