16 декември 2012 г.


Циркуз направија пратениците на СДСМ денес во Собранието. Најново продолжение на срамното однесување направи Јани Макрадули.

jani.jpg-500
Тој се закани дека ќе тепа жена, колешка претставник на владејачката партија.
Имено, насилно пристапи кон Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ, при што таа го праша „Ќе ме тепате?“, а тој одговори „Да!“
jani2
Иако се спротивстави на жена, Макрадули не тргна кон неа сам. Неговите колеги од СДСМ, Емилијан Станковиќ и Игор Ивановски го придружуваа до претседателката на Комисијата.
За еден пратеник ваквото однесување е срамно, а за еден маж недозволиво да се заканува на жена.