Навреда на претседател на Собранието во 2002 година беше причина пратеник да биде отстранет од сала.

Тој сам дошол до собраниската говорница и го навредил тогашниот спикер Стојан Андов. Лично Андов наредил пратеникот да биде отстранет, само поради тоа што бил навреден од страна на пратеникот.
Тогаш пратениците на ВМРО Македонска го обвинија Андов дека спречува од говорница да се каже вистината за Македонија. Тие сметаа дека отстранувањето на Вангел Симев од страна на спикерот Андов, не преставува заштита на деловникот за работа, туку внесување терор, сметаат парламентарците на оваа партија.
Состојбата од минатата недела беше далеку посериозна од оваа во 2002 година. Пратеници на СДСМ минатиот понеделник физички го нападнаа првиот човек на Собранието Трајко Вељаноски, ја одземаа моќта на Собранието да одлучува, уништија собраниски имот, истураа вода, кинеа кабли, недолично седеа на претседателската маса, кршеа компјутери. Сето тоа беше организирано и најавено како закана.