26 јануари 2013 г.


Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница му ги предложи на Централниот Комитет, кој потоа ги усвои следниве осум кандидати за градоначалници за престојните локални избори, стои во соопштението од владејачката партија.

  • За општина Македонска Каменица, г. Дарко Митевски, актуелен  градоначалник на општина Македонска Каменица
  • За општина Пробиштип, г. Тони Тоневски, актуелен градоначалник на општина Пробиштип
  • За општина Кратово, г. Мите Андоновски, актуелен градоначалник на општина Кратово
  • За општина Гевгелија, г. Иван Франгов, актуелен градоначалник на општина Гевгелија
  • За општина Вевчани, г. Цветомир Угриновски, приватен стопанственик
  • За општина Маврово и Ростуше, г. Мукрем Мехмеди, актуелен градоначалник на општина Маврово и Ростуше
  • За општина Гостивар, г. Сашо Аќимоски, претсетадел на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Гостивар
  • За општина Росоман, г. Стојанчо Лазов, актуелен градоначалник на општина Росоман.
-При изборот на кандидатите за градоначалници се водеше сметка за нивната програма која тие ја нудат пред граѓаните која е во насока на подобрување и унапредување на стопанскиот и инфраструктурниот развој на нивните општини. Како вредносен критериум беше земен и личниот кредибилитет и досегашниот придонес за општината за која се кандидира, се нагласува во соопштението.