10 јануари 2013 г.

 
Нови паркинзи во Општина Кисела Вода


Општина Кисела Вода во рамките на програмата Комунални дејности продолжи со акцијата за партерно уредување на јавните површини на нејзината територија. Во таа насока, покрај претходно изградените паркинзи и пешачки патеки во сите реони на општината, градежните активности во новата година започнаа со изградба на јавни паркиралишта на неколку локации во општината. Деновиве екипите на фирмата “Урбан Инвест” започнаа со поставување на павер елементи за две нови јавни паркиралишта на ул. “Христо Татарчев” (Сава Ковачевиќ), на вкупна површина од 800 квадратни метри.
Партерното уредување се поставува пред станбените згради на оваа улица, а истовремено ќе се изградат и тротоари во широчина од 1,5 метри на тој дел од улицата.
Две нови јавни паркиралишта ќе се изградат и на ул. “Божидар Аџија” на површина од 800 квадратни метри. Градежните работи на оваа улица ќе започнат по изградбата на паркиралиштата на ул. “Христо Татарчев”.