Јани Макрадули гневот го нафрли и на Штефан Филе. Вели дека еврокомесарот за проширување на ЕУ е дел од режимот за кој тие често зборуваат, што значи дека во нивни стил и Филе го прогласуваат за диктатор.
Имено, на статус на Фејсбук на новинарката Ида Протугер, каде таа коментира за состојбата во телевизија Алфа, Макрадули си најде простор да води своја кампања против сите, па дури и против Филе.
-Ми се лоши од Филе, кој се правеше слеп на операцијата „смрт за новинарството, а слобода (богами и многу пари) за пропагандистите, послушниците и држачите на микрофони“, напиша новинарката на својот профил на социјалните мрежи.
Фотографијата од коментарите до редакцијата на Курир ја испратија наши читатели со коментар „Комитата Јани лечи фрустрации и на европејците. Пак ќе плаче после“.
Еве што напиша кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ.
-Нека не ти се лоши од Филе те молам, не заслужува името да му се спомне. Тој е соучесник во овој режим. Ова е наша, ваша, борба, секој со својот глас, колку што може, битно да се отвори.
Според коментарот на Макрадули, за него Филе е диктатор во режимот за кој тие долго време зборуваат.
Макрадули изгледа заборави кон кого се обраќа. СДСМ се претставува како партија која покажува голема грижа за македонските евроинтегративни процеси, но еден од челниците на партијата плука по човек со висок чин.
Ваков коментар е пред се недоличен за еден политичар кој се обидува да добие доверба од граѓаните. Во налетот да плукаат по се и сешто, претставници на СДСМ плукаат и по народот кој верува во добрите намери на еврокомесарот.