Градоначалникот на општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев, денеска ги
предаде во употреба реконструираното повеќенаменско спортско игралиште
за фудбал и кошарка и новоизграденото детско игралиште во состав на
фудбалското игралиште „Славија“ во населбата Пржино.Овој спортски центар е во сопственост на Кисела Вода. Покрај
фудбалското игралиште решивме да го реконструираме и повеќенаменското
спортско игралиште со кошеви и нова заштитна ограда во висина од 6
метри. Изградивме и едно детско игралиште, изјави градоначалникот
Ѓорчев.