| Зимската служба активна на терен |
По првите врнежи од снег, општинскиот кризен штаб за расчистување на улиците во зимски услови, навремено реагираше и реализираше низа акции за расчистување на снегот од коловозот на сервисните улици низ општината, почнувајќи од раните утрински часови. Во текот на акцијата беа исчистени поголемиот дел од сервисните улици во месните и урбани заедници со давање приоритет на високите места, а особен акцент се стави на улиците околу амбулантите, училиштата и градинките. Мобилните екипи зимската служба на општината ќе интервенираат на терен во зависност од интензитетот на снежните врнежи. Општина Кисела Вода апелира до сите правни и физички лица да се придржуваат до законската обврска да ги расчистат приодите кон индивидуалните, станбените и комерцијалните објекти. |