Премиерот Груевски искажа жалење што вчера новинарите беа отстранети од собраниската сала.
-Веројатно во целиот тој хаос што настана се донела таква проценка, која што според моето мислење не требала да се донесе, меѓутоа се донела и се случило тоа што се случило. Најдобро е за тоа да се обратите во парламентот. Се надевам дека на некој начин ќе се најде разбирање, односно ќе има дијалог помеѓу луѓето во парламентот и новинарите, посочи премиерот.
Тој жалење за овој случај изрази и во вчерашното јавно обраќање до јавноста.