| Општина Кисела Вода со донација за ПОУ “Д-р Златан Сремец” во пресрет на “Светскиот ден на хендикепираните лица” |
Општина Кисела Вода директно ќе се вклучи во хуманитарниот концерт со откупување на 100 влезници за оваа манифестација, кои ќе се доделат на ПОУ “Д-р Златан Сремец”, единственото државно училиште за деца со посебни потреби, кое се наоѓа на територијата на Општина Кисела Вода. Средствата собрани од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за институциите кои работат со ученици со посебни потреби. |