Градоначалникот на општина Кисела Вода Марјан Ѓорчев, денеска ги предаде во употреба реконструираното повеќенаменско спортско игралиште за фудбал и кошарка и новоизграденото детско игралиште во состав на фудбалското игралиште „Славија“ во населбата Пржино.Овој спортски центар е во сопственост на Кисела Вода. Покрај фудбалското игралиште решивме да го реконструираме и повеќенаменското спортско игралиште со кошеви и нова заштитна ограда во висина од 6 метри. Изградивме и едно детско игралиште, изјави градоначалникот Ѓорчев.
