6 декември 2012 г.

Волонтерите од Кисела Вода разменија искуства со колегите од Европа06.12.2012

Вчера (5-ти Декември), во салата за состаноци на Советот на Општина Кисела Вода се оддржа панел дискусија, на тема “Волонтерството како алатка за активирање на младата популација”. На панел дискусијата присуствуваа дваесетина граѓани и претставници на граѓански здруженија, од територијата на општината, кои се интересираа за процесот на волонтирање на македонските граѓани во земјите од Европа. Говорници на панелот беа Раководителот на одделението за соработка со невладин сектор во Општина Кисела Вода, Снежана Сотироска, претставникот на  невладината организација “Волонтерски Центар Скопје”, Никола Станкоски и двајца волонтери од Холандија и Латвија, кои во волонтираат во Република Македонија, преку програмата за волонтирање Европскиот Волонтерски Сервис.
Раководителот на одделението за соработка со невладин сектор во Општина Кисела Вода, Снежана Сотироска ја детерминираше потребата од зголемувањето на интересот кај младите луѓе од општината за волонтирање, а направи и кратка дигресија на неколкуте проекти кои општината Кисела Вода ги организираше во соработка со стопанствениците на општината и УНДП за волонтирање на млади луѓе во локланата самоуправа и стопанските субјекти на нејзината територија.
Своите позитивни искуства од волонтирање во Република Македонија ги искажаа и г-ца Сане Кеулен ЕВС волонтер од Холандија и г-дин Јанис Сеглинс ЕВС волонтер од Латвија.
Панел дискусијата беше одржана по повод 5ти Декември, меѓународниот ден на волонтерството.