6 декември 2012 г.

 
30 лица ја покажаа својата хуманост
 Со мотото “Капка крв спасува живот”, денеска во големата сала на Општина Кисела Вода, се одржа крводарителска акција, во организација на Општина Кисела Вода и Општинската организација на Црвен Крст – Кисела Вода, а во соработка со Републичкиот Завод за Трансфузиологија. Акцијата помина со забележително присуство, па од вкупно 30 пријавени лица, 26 даруваа крв. Општината Кисела Вода традиционално организира неколку крводарителски акции во текот на годината, а оваа акција се организираше по повод 35-те јубилејни “Вапцарови денови 2012”.