По повод Светската кампања ,,16 дена активизам против насилството" Организацијата на жените на град Скопје во соработка со Општина Кисела Вода организираат трибина за насилството на тема ,,Да го направиме насилството видливо". Проблемите од областа на семејното насилство се присутни и во нашата држава. Покрај сите преземени активности и реализирани кампањи против оваа негативна општествена појава, се забележува зголемување на бројот на пвиците на Националната СОС линија 15 700. Според тоа, сеуште постои неопходност од едукација за подигање на јавната свест за проблемот со семејното насилство во општеството. Трибината ќе се одржи во големата сала во општина Кисела Вода на 07.12.2012г (петок) со почеток во 12:00 часот. |