6 декември 2012 г.

 
“Симултанка” на Љубивое Ршумовиќ во шаховската школа “Ристо Ничевски” во Кисела Вода


Љубовта и интересот на младите луѓе, пред се, на учениците од основните училишта во општината Кисела Вода од година во година се зголемува. За тоа, особено придонесува инвестирањето на општината во шаховската игра и нејзиното вклучување во натпреварите од училишниот спорт. Дополнителен придонес во развојот на шахот во општината Кисела Вода дава и првата шаховска школа “Ристо Ничевски”, која на иницијатива на градоначалникот Марјан Ѓорчев се отвори во нас. Расадник. Со отворањето на оваа шаховска школа, која работи непрофитно, се даде иницијална каписла за привлекување на младите луѓе да се заинтересираат за шаховската игра, да се зачленат во школата и на тој начин да го развијат својот интелект и натпреварувачкиот дух во себе.
Во организација на оваа шаховска школа, денеска (06.12.2012) со почеток во 17:30 часот, во просториите на школата ќе се одржи “симултанка” во шах, каде на 10 табли, познатиот поет и новинар, а воедно и шах-мајстор, Љубивое Ршумовиќ од Србија ќе се натпреварува со најдобрите шахисти-ученици во основните училишта во општината Кисела Вода.
На ревијалниот натпревар ќе присуствуваат градоначалникот на Општина Кисела Вода, Марјан Ѓорчев и директорите на сите осум основни училишта во општината.