| Градоначалникот Марјан Ѓорчев ќе ги отвори јубилејните “Вапцарови денови 2012” |
![]() Годинешното јубилејно 35-то издание на манифестацијата “Вапцарови денови 2012” кои се организираат по повод седумдесет години од стрелањето на Никола Јонков Вапцаров, ќе се чествува со неколку активности, во периодот од 04-09.12.2012 година. Неколку дневното чествување ќе започне со Свечена прослава на 04-ти Декември(Вторник), во Универзалната сала во Скопје, со почеток во 19:00 часот. Прославата, со говор за Никола Вапцаров, ќе ја отвори градоначалникот на Општина Кисела Вода и долгогодишен претседател на КУД “Никола Јонков Вапцаров”, Марјан Ѓорчев, а со свој концерт ќе се претстават познати изведувачи на народни песни и фолклорни ансамбли. Активностите ќе продолжат на 07-ми Декември во општината Бутел, каде ќе се положи цвеќе пред бистата на Вапцаров и ќе се промовира книгата “Вапцаров-антифашист”. Завршната свеченост на детските фолклорни групи, под мотото “Децата за Вапцаров” ќе се одржи на 09-ти Декември во Домот на АРМ, со почеток во 19:00 часот. |
