4 декември 2012 г.

Панел дискусија по повод “Меѓународниот ден на волонтерството”

Секторот за месни и урбани заедници и соработка со невладини организации од Општина Кисела Вода во соработка со здружението на граѓани “Волонтерски Центар Скопје”, по повод  Меѓународниот ден на Волонтерството, на 05-ти Декември (Среда), во големата сала на општина Кисела Вода, со почеток во 17:00 часот ќе одржи панел дискусија, на тема “Волонтерството како алатка за активирање на младата популација”.
Целта на панел дискусијата ќе биде да се поттикне младата популација од општината Кисела Вода и градот Скопје да земе поактивно учество во волонтерските активности на локално ниво. Истовремено, претставниците од здружението на граѓани “Волонтерски Центар Скопје”, ќе ги презентираат нивните активности во делот на асистенција и поддршка во процесот на волонтирање на млади лица од Република Македонија во земјите од Европа.
Панел дискусијата ќе биде отворена за присуство на сите граѓани, здруженија на граѓани и правни субјекти.