24 декември 2012 г.


Собранието го изгласа Буџетот за 2013



Собранието на Република Македонија со 65 гласа за и четири против попладнево го донесе Буџетот за 2013 година.

sooooo500
Како што рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, во Буџетот во насока на заштита на македонските граѓани од европската економска криза предвидено е зголемување на пензиите, социјалните надоместоци, земјоделските субвенции. Со Буџетот, истакна, предвидено е реализација на некоку крупни инфраструктурни проекти значајни за македонската економија. Според него, со Буџетот за 2013 година Република Македонија ќе остане и натаму меѓу 4-те најмалку задолжени земји во Европа.
Според прифатениот Буџет, вкупните приходи се 147.957.000.000, а расходите се 165.652.000.000. Дефицитот ќе биде 17.695.000.
Растот на БДП е предвиден на 2 проценти, а инфлацијата 3,5 проценти.
Бруто инвестициите се очекува да имаат раст од 6 отсто, личната потрошувачка од 1,5 проценти, а јавната од 0,3 проценти.
На седницата не присуствуваа пратеници од опозицијата, кои неколку часа не дозволуваа влез на нивните колеги од владејачкото мнозинство во пленарната сала, при што настана инцидент во кој беше нападнат претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.
Пратениците од власта, сепак, успеаја да влезат, а опозицијата ја напушти салата.
На денешната седница и претходеа и протести пред Собранието на Република Македонија, едни  за да изразат револт поради блокада на буџетот од страна на опозицијата, а други за да искажат поддршка на опозициските ставови во врска со државната каса.
Дополнетиот предлог буџет, Владата го достави вчера во Парламентот по непродуктивната расправа за државната каса што траеше повеќе од еден месец. Опозицијата поднесе над 1200 амандмани, условувајќи го донесувањето на буџетот со намалување на трошоцита за 204 милиони евра.
Власта се согласи да прифати дел од амандманите со цел да се деблокира буџетот, што беше одбиено од опозицијата. Според владејачкото мнозинство, буџетот треба да се донесе, бидејќи неговото блокирање ги загрозува исплатата на пензиите, социјалните надоместоци, пензиите, земјоделските субвенции, платитет на јавната администрација, како и реализацијата на владините проекти.