22 декември 2012 г.



Опозиционерите направија циркус од Собранието



Опозицијата го доведе Собранието во целосен хаос. турби, знамиња, песни. Социјалдемократите заборавија дека се во законодавниот дом и од него си направија циркус. 
Иако има кворум, законодавно правната комисија не може да работи. Со труби во лицето на претседателката Дулиќ, пратениците на СДСМ повторно по насилен пат го блокираат нормалното функционирање
За разлика од законодавно правната, комисијата за финансирање и буџет која ја раководи кадар на опозицијата работи во помирна атмосфера, но нема квроум.
Надовр од законот и без присуство на претставник од Владата, СДСМ ја злоупотребува говорницата за напади, а дебата од другата страна ја следат само двајца пратеници, кои воопшто и не членуваат во комисијата.
Се поставува прашањето, кој им дозволува на опозциските пратеници да работат надвор од Законот и зошто Претседателот на Собранието не реагира со прекинување на незаконската дебата во Комисијата. 
Останатите опозиционери наместо да ја следат дебатата во Комисијата за финансирање и Буџет,  денеска се задолжени да прават хаос воСобранието, да ги малтретираат собраниските служби и да оневозможат нормално функционирање на законодавниот дом.