Ставрески: Парите од Светска банка нема да ги трошиме за избори

Опозицијата го одби и овој предлог на првиот финансиер, и напиша нов амандман за кратење на на 204 милиони евра
Нова последна понуда даде денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески до опозицијата за да се одблокира донесувањето на буџетот за 2013 во Комисијата за финансирање и буџет.
Овој пат Стварески излезе со ветување дека заемот од Светска банка, кој според него е неопходен за финансирање на Буџетот за в година ќе бидат ставени на посебна сметка во Народна банка на Македонија и нема да се трошат се' додека не завршат локалните избори.
„За да се уверат луѓето од СДСМ дека тие средства не се наменети за трошење пред изборите, туку за финансирање на буџетот и дека и да немаше локални избори Македонија ќе требаше да ги земе тие средства, а за да не пропаднат средствата, бидејќи се под навистина извонредни услови со само 0,6 проценти камата за првите 50 милиони долари и 3,9 проценти вторите 250 милиони евра еве им нудиме на СДСМ тие 250 милиони евра да ги ставиме на посебна сметка во Народна банка. Во договорот што ќе го предложиме во Собранието, доколку се согласува СДСМ, ќе стои дека тие средства не можат да се користат до завршување на изборите освен во делот на отплата на обврските кон странство вклучително и обврзницата. Ние сме подготвени да се договориме дека тие средства освен за отплата кон странство нема да се користат за други намени“, изјави денеска Ставрески.
Тој нагласи дека и предлозите на претседателот на Собранието Трајко и прифаќањето на 44 амандмани се во насока да се одблокира носењето на буџетот. „Би било навистина поразително за Македонија доколку не се успее да се запази рокот за усвојувањето на Буџетот до 31 декември, бидејќи неприфаќањето на овие наши конструктивни предлози ќе биде на штета на сите граѓани, на штета на државата“, рече Ставрески.