СДСМ продолжува да се однесува без чувство за потребите на граѓаните, рече директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Интегрален текст од прес-конференцијата на Илија Димовски
Тие свесно сакаат да ја донесат државата до степен на неизвесност, за функционирање на целиот економски, социјален, финансиски и стопански сектор.
СДСМ со блокирање на основните финансиски инструменти на државата всушност сака да го загрози зголемувањето на пензиите и нивната редовна исплата, зголемувањето на социјалната помош и нејзината редовна исплата, субвенциите за илјадници земјоделци, повраток на ДДВ за претпријатијата, сака да ја загрози реализацијата на капиталните инвестиции во државата, со што директно ќе се наштети на стотици градежни и производствени фирми, заради што многу луѓе може да останат без работа, сака да ја загрози редовната исплата на платите на вработените во здравството, образованието, војската, полицијата и да предизвика социјално незадоволство.
СДСМ креира хаос во Собранието, заради тоа што сака да создаде хаос во државата.
Нивното сценарио е да наштетат на сите граѓани и да ги направат незадоволни.
Тие ја ставаат во уцена економската и финансиска стабилност на секое македонско семејство.
Во Собранието во тек е дебата повеќе од 20 дена, а веќе 6 дена се дебатира само за еден амандман.
Со ова темпо државата ќе нема буџет во наредните 14 години.
Што е целта? Целта е да нема избори, зошто само така СДСМ се надева да се спаси од очигледниот изборен пораз што им следува и само така Бранко Црвенковски ќе си ја зачува својата лидерска функција.
Ова е прескап влог, ние сме сигурни дека граѓаните нема да дозволат скапа сметка за политичката кариера на Црвенковски.
Тоа што им смета на колегите од СДСМ во Буџетот на Република Македонија за следната година се: капиталните инвестиции кои што значат работаогромен број на градежни фирми и огромен број работници во тие градежни фирми, им смета набавката на новите 70 возила за Брза помош, им смета зголемување на пензиите, им смета зголемување на социјалната помош, им сметаат средствата за субвенциите и им смета сето она што го немаше во буџетите додека СДСМ беше на власт.
Единствено со стопирање, со рушење и со кршење на сите позитивни мерки што ВМРО-ДПМНЕ ги прави во овие години СДСМ се надева дека може да го израмни впечатокот за себе пред јавноста.
Тие немаат ниту еден проект со кој што можат да се пофалат, тие немаат ниту еден булевар во Скопје кој што го направиле во минатите 20 години, тие немаат доделено ниту еден денар за земјоделски субвенции, ниту еднаш не ги зголемиле пензиите туку напротив ги намалувале и заради сето тоа, заради фустрација од тоа што не направиле ништо сакаат да ги стопираат сите активни и позитивни мерки кои што Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги превзема.
Ние сме зачудени, фрапирани и разочарани од тоа што СДСМ неколку дена по ред ги одбива различните, но и позитивни и разумни предлози од претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски кои што активно е вклучен во напорите да се изнајде институционално решение за кочењето на Буџетот на Република Македонија, во Собранието на Република Македонија.
Тоа за нас е само потврда дека СДСМ има намера да уценува, има намера да спроведува политичко насилство и има намера да настапува со политички ултиматуми.
Тие ги одбиваат предлозите на претседателот на Собранието, Велјановски уште не станати од маса на кординациите. Тоа за нас говори дека немаат намера да постигнат разумен прогрес во откочување на Буџетот, туку имаат намера да го внесат овој хаос за кој што ви говорев на почетокот на прес конференцијата.
Уште еднаш апелираме до нив без разлика на целата нервоза која што постои во Собранието на Република Македонија, апелираме без разлика на целиот револт кои што постои низ улиците во Република Македонија да се вразумат и да не дозволат скапата цена, економска цена, финансиската цена, социјалната цена да ја платат граѓаните на Република Македонија. Политичката цена ќе ја плати СДСМ.