Анкета на ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ 2:1
27:13 е односот на поддршката од македонските граѓани за двете најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, покажа најновата анкета на Интернационалниот републикански институт (ИРИ). Анкетата е спроведена во втората половина на ноември на над 1.000 испитаници.
Ако се спореди претходната анкета на ИРИ поддршката за ВМРО-ДПМНЕ е стабилна и процентот е речиси непроменет, додека во случајот со поддршката на СДСМ е забележан пад од 16 на 13 отсто.
Рејтингот на ДУИ останува ист како и на претходната анкета (11%), а поддршката на ДПА расте, од 3 на 4 отсто. Бројот на неопределените е 27 отсто од испитаниците.
На прашањето за оценка (од 1 до 5) на работата на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ доби средна оценка од 2,56, СДСМ 1,97, ДУИ 1,75. Претходната оценка за ВМРО-ДПМНЕ беше 2,57, за СДСМ 2,27, за ДУИ 1,93.
Никола Груевски останува најпопуларен политичар со поддршка од 20 отсто, пред Али Ахмети со 8% и Зоран Заев со 5%. И рејтингот наБранко Црвенковски, лидерот на СДСМ е 5 отсто.
Претседателот Ѓорге Иванов има рејтинг од 4 %, додека лидерот на ДПА Мендух Тачи 2%.
Анкетата на ИРИ покажува пад на процентот на граѓаните за поддршка на НАТО за 4% и од 91 отсто поддршка во претходната анкета, сега таа изнесува 87%. Исто така, намалена е и поддршката за влез во ЕУ од 87 на 84%.
