| “Немаме резервна планета” порачуваат децата од градинката “Мимоза” |
Децата од јавната детска градинка "Весели Цветови", објект "Мимоза" во општината Кисела Вода, воспитна група од 5-6год., заедно со воспитниот тим од оваа градинка покажаа интерес и земаа активно учество во проектот "Интеграција на еколошка едукација". Идејата на проектот е да им се укаже на дечињата уште од најмала возраст за еколошкото опкружување, важноста на здравата и чиста животна средина и бенефитите кои ги имаат децата од еколошко-ефикасниот објект на градинката во кој го поминуваат денот. Истовремено, овој проект има за цел преку симболичните пораки кои ги испраќаат најмладите жители на општината да ги поттикне сите граѓани на општината Кисела Вода да делуваат во насока на заштита на животната средина и да ја разбудат еколошката свест во себе. Децата ја прифатија одговорноста и грижата за користење на природните и културните потенцијали во средината во која престојуваат, а меѓу еко-пораките кои дечињата ги испратија до граѓаните можеа да се забележат: “Здрава природа, здрави луѓе!”, “Тоа што ќе го уништиме денес ќе го немаме утре!”, “Не го уништувај она што не си го создал!”, “Штеди вода !” , “Гаси ги светилките!”, “Засади дрво!”, “Отпадокот се става во корпа за отпадоци!”, “Немаме резервна планета!” и многу други. ![]() ![]() ![]() |


