| Новогодишен концерт на КУД “Китка” од Драчево | |||||
Утревечер (30.11.2012 год.), со почеток во 17:00 часот, во спортската сала “Нела Ар” во Драчево, Културно-уметничкото друштво “Китка” од Драчево ќе одржи целовечерен новогодишен концерт. Најголемиот амбасадор на фолклорот од Драчево со 44-годишна традиција, КУД “Китка” брои околу 150 членови од сите возрасти, организирани во 6 групи. Досега, членовите на ова културно-уметничко друштво учествувале на бројни домашни и меѓународни фестивали и културни манифестации, каде го промовирале фолклорот, традицијата, песните и ората, својствени за овие простори. КУД “Китка” е редовен гостин и на културното лето “Три круши”, кое го организираопштината Кисела Вода секое лето на истоимениот верско-рекреативен комплекс во с. Драчево. На концертот ќе земат учество сите 6 групи. Влезот е со симболична цена од 100 ден, а картите ќе можат да се купат на влезот на спортската сала. ![]() ![]() | |||||

