Египетски бизнисмени заинтересирани за инвестирање во Охрид
Изминатава недела во Македонија престојуваа бизнисмени од Египет заинтересирани за инвестиции во Охрид. Како што јавува Канал 5, Египќаните,сопственици на луксузни хотели и елитни туристички ресорти во текот на минатата недела го испитувале теренот за вложувања во туризмот.Засега не се знае за кои локации конкретно биле заинтересирани, но се претпоставува дека сакаат да градат луксузни хотели на брегот на Охридското езеро.
- Еден дел од групата на присутни кои беа од Египет со кои се дружиме шест години покажаа интерес за инвестирање во земјава а сето тоа на база на тоа што го виделе тука, на база на разговорите со амбасадорот, вели Дончо Танески претседател на ХОТАМ, пренесува Канал 5.
Најавената индиска инвестиција во Љубаништа и египетските хотелиери донесоа нови надежи за охриѓани кои со новите инвестиции очекуваат нови вработувања и секако подобрување на состојбите во туризмот.
Како што јавува телевизијата, египетските бизнисмени веќе оствариле средба и со претставници на владата за да се запознаат со условите за инвестирање во земјава.
