2 декември 2012 г.

Општина Кисела Вода со донација за ПОУ “Д-р Златан Сремец” во пресрет на “Светскиот ден на хендикепираните лица”


Хуманитарното здружение “Кралицата Есма и Стево Теодосиевски”, годинава ќе организираат хуманитарна манифестација по повод “3-ти Декември – Светскиот ден на хендикепираните лица”. Хуманитарниот концерт ќе се одржи на 3-ти Декември , во Универзалната сала во Скопје, со почеток во 19:00 часот, а главни протагонисти на концертот ќе бидат децата со посебни потреби, кои ќе се претстават со перформанси, илузии, музички настапи, покажувајќи уште еднаш дека можат, умеат и сакаат да бидат видени и да заслужат аплауз.
Општина Кисела Вода директно ќе се вклучи во хуманитарниот концерт со откупување на 100 влезници за оваа манифестација, кои ќе се доделат на ПОУ “Д-р Златан Сремец”, единственото државно училиште за деца со посебни потреби, кое се наоѓа на територијата на Општина Кисела Вода.
Средствата собрани од овој хуманитарен концерт ќе бидат наменети за институциите кои работат со ученици со посебни потреби.