20 декември 2012 г.


Свесен дека го чека пораз на локалните избори, лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски со неносењето на Буџетот за следната година сака да го одложи поразот на изборите закажани во март, според покажувањето на сите анкети.

37770
Последната анкета на ИРИ, која покажа стабилно водство на владејачката партија пред опозициската, надоврзано со катастрофалниот рејтинг на Црвенковски во анкетата на најрелевантниот институт според многуммина, меѓу кои и социјалдемократите, се причината Црвенковски да почне да бара алиби за изборниот пораз.
Како и многу пати порано и овој пат вечниот лидер на опозицијата пронајде алиби, но сега од неговиот потег штета трпат и граѓаните на Република Македонија. Црвенковски со неносењето на Буџетот, сака да го одложи поразот на локалните избори.
Со блокирањето на Собранието и буџетот, кое е крајно штетно за економијата, стандардот, невработеноста, инвестициите, но и за самиот имиџ на земјата, Црвенковски добива алиби за воопшто социјалдемократите да не се појават на локалните избори.
Свесен дека го чека пораз, ова е неговата тактика. Последните анкети покажуваат дека речиси сигурно тој и СДСМ ќе освојат „еден глас помалку“. Кредитот на Црвенковски е потрошен, целата македонска јавност, политички аналитичари и новинари очекуваат  тој да се повлече при евентуален неуспех кој е на повидок, иако сите се свесни дека тоа тешко дека ќе се случи.
-Да, точно е. Значи ако следните парламентарни избори СДСМ претрпи пораз од страна на ВМРО ДПМНЕ јас ќе се повлечам од лидерската функција во СДСМ и од политиката – во 2009-та година вети актуелниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, но тоа не се случи.
Ова е уште една причина да го блокира донесувањето на Буџетот, а со тоа да си обезбеди алиби за поразот и автоматски останување на лидерската позиција.
Иако деновиве Македонија се тресе од протести против опозицијата и бара брзо донесување на Буџетот, сепак Црвенковски и СДСМ засега остануваат глуви на барањето на граѓаните и на владејачката партија.
Тоа што граѓаните не се согласуваат со моменталната политика на СДСМ за Црвенковски не претставува грижа. Применувајќи деструктивна политика продолжува со блокадата на Буџетот и евтиниот аранжман од СБ, притоа сакајќи да го одложи поразот на локалните избори, кој очигледно е неизбежен.