Бранко Црвенковски продолжува во стилот на Гадафи. Живее во свој свет и на сила сака да ја заземе власта.

Вака премиерот Никола Груевски го коментира вчерашното однесување на опозицискиот лидер Бранко Црвенковски.
-Јас не слушнав барања од Бранко Црвенковски, тој само кажа дека има барање да се врати на власт и тоа јавно и не го крие, си кажува дека насилно сака тоа да го стори. Тој рече дека ќе ја заземе власта по насилен пат, ги врти луѓето едни против други. Така насилно вчера се обиде да влезе и во Собранието. Црвенковски го има изгубено чувството за реалност, а неговото однесување е загрижувачко, рече Груевски.
Премиерот потенцира дека Црвенковски со своето однесување вчера ги прекрши законите и не за прв пат создава лоша слика за Македонија како земја.
-Останува на неговото членство и на симпатизерите на СДСМ дали ќе вложат се за да следат еден човек без чувство за реалност. Тие треба да ја согледаат состојбата во која Бранко Црвенковски ги води. Тој човек има патолошка зависност за власт, рече премиерот.