16 декември 2012 г.


Бучковски: Господ да му прости на Бранко, не знае што прави


Бучковски вели дека е убеден дека членството на СДСМ ќе го победи Црвенковски на Конгресот во мај


„Црвенковски не знае што прави“. Екс премиерот и поранешен лидер на СДСМ, Владо Бучковски по денешното исклучување од СДСМ, во изјава за Press24 изрази уверување дека на конгресот во мај, членството конечно ќе го победи Црвенковски
„Господ да му прости на Бранко, не знае што прави, но убеден сум дека членовите на СДСМ ќе го победат Црвенковски на мајскиот Конгрес и по конгресот, новиот претседател и новото раководство, ќе ја поништат одлуката за моето искулучување“ - вели Бучковски за Press24.
Попладнево лидерот на СДСМ а прес конференција објави дека Бучковски, Бузлевски и Цветковски веќе не се членови на СДСМ и дека се исклучени од партијата. Ваквиот потег на СДСМ следи по промоцијата на Бузлевски и на Цветковски за независни кандидати за градоначалници на Ресен и Куманово. Бучковски е и склучен од СДСМ поради бројните напади на сметка на партискиот врв.