16 декември 2012 г.


Жестока расправа во Собранието, настрадаа микрофонот и ноктот на пратеничката Дулиќ 

Почетокот на денешната седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет почна со жестока расправа за буџетот, која лесно можеше да заврши слично на тепачката од пред два дена во украинскиот парламент. Целта на нападот на опозициските пратеници беше пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ. Расправата е во тек, а засега настрадаа само микрофонот и ноктот на пратеничката Дулиќ.
Пратениците матичното работно тело водат амандманска расправа по предлог-буџетот за 2013 година.
На дневен ред се 1.225 амандмани поднесени од СДСМ, НДП и ДПА, за кои расправаат пратениците.
Вчера СДСМ предложи кратење на трошоците од буџетот за 204,8 милиони евра како услов за повлекување на амандманите.
Седницата е прекината, а расправата продолжува за половина час.