Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски вчера постапил легитимно за време на инцидентот во Собранието.

-Претседателот на Собранието го отстранува пратеникот од седницата, кога и покрај опомената, односно одземањето на збор го нарушува редот на седницата или употребува изрази со кои се нарушува достоинството на Собранието. Пратеникот кој е отстранет од седницата, должен е веднаш да ја напушти салата во која се одржува седницата, се вели во член 93 од Деловникот.
СДСМ воедно, вчера грубо прекрши голем дел од одредбите од Уставот на Република Македонија, како и Деловникот на Собранието со кој се уредува работата на највисокиот законодавен дом.
Според Уставот на Република Македонија, суверенитетот произлегува од граѓаните и им припаѓа на граѓаните кои власта ја остваруваат преку демократски избрани претставници (член 2). Во оваа насока, Собранието е токму тој претставничкиот орган на граѓаните и носителот на законодавната власт при што неговата организација и функционирањето се уредуваат со Уставот и со Деловникот (член 61).
СДСМ со последните изјави и постапки на нивни високи претставници го прекрши и членот 20 од Уставот според кој дејствувањето на политичките партии не може да биде насочено кон насилно уривање на уставниот поредок.