Црвенковски се уште живее во 90-тите кога тој беше на власт и кога владееше безредие. Вака македонскиот премиер ги коментира повиците на опозицискиот лидер до граѓаните, да не плаќат даноци.

-Бранко живее во времето кога неговите блиски не плаќаа даноци. Сега е друго време. По закон сметките мора да се плаќаат. Во негово време беше безредие, но сега владеат закони, рече Груевски.
Премиерот потенцира дека Црвенковски живее во некој свој свет и дека има патолошка зависност да дојде до власт.