12 декември 2012 г.


Неколку патни правци во државава сеуште затворени поради снегот


Состојбата со интензивните снежни врнежи кои во текот на вчерашниот ден ја зафатија територијата на Република Македонија е стабилна и задоволителна без проблеми а движењето по магистралните и регионалните патишта се одвива без потешкотии.

Дирекцијата за заштита и спасување будно ја следи состојбата на територијата преку своите подрачни одделенија, а екипите се на терен и работат на расчистувања на снегот и пробивање на патните правци.
Во општина Тетово патниот правец кон Попова Шапка кој беше во прекин од страна на ангажираните екипи на ЈП Македонија Пат е пробиен и понатаму се работи на негово проширување.
Во Прилеп и Крушево сообраќајот се одвива отежнато. Во општина Крива Паланка од снежните наноси во прекин е локалниот патен правец кон планинското село Дренак во должина од 5 километри.
 Во Кратово во прекин е патниот правец кон селата Луково - Мушково - Каврак во должина од 25 километри.
 Во Демир Хисар во прекин се локалните патни правци кон селата Радево, Зашле, Мало Илино, Вирово.
Во општина Струга локалните патни правци кон селата Вишни, Горна Белица, Бажово, Модрич, Бороец и Јабланица се сеуште не проодни и во прекин.
Во општина Гостивар состојбата е задоволителна и сите патни правци на нејзина територија се проодни.
На територија на општина Маврово и Ростуша  пробиен и прооден е патниот правец Маврово - Жировница за сите типови на возила, но се очекува во подоцнежните ноќни часови да се воведе забрана за движење на тешки товарни возила поради голомразица. 
 Во другите градови на Република Македонија состојбата е непроменета односто сите патни правци се проодни и нема никакви проблеми во движењето и функционирањето на граѓаните.