Фронтот за Македонија во нова акција против насилничкото однесување и сценаријата за насилно доаѓање на власт на Бранко Црвенковски.

Скопје од утринава е облепено со плакати од Фронтот за Македонија, на кои пишува „Фронт против Бранко Црвенковски, затоа што ја сакам Македонија“.

Оваа група граѓани, по најавените протести на СДСМ и најави за насилно доаѓање на власт во декември минатата година масовно излезе на улиците за да му се спротивстави на лидерот на СДСМ.

Граѓаните најпрво се обединија по најавите на Црвенковски и СДСМ за блокадата на донесувањето на државниот буџет. Сметаа дека народот не може и не смее да биде заложник на политичките кариери на поединци и секој оној што ќе ќе обиде народот да го користи како инструмент за свои политички поени и да ги блокира државните пари ќе се соочи со револтот и со силата на народот.

Преку лепењето плакати оваа масовна група граѓани уште еднаш потсетуваат дека се против Црвенковски и неговите мрачни сценарија, бидејќи како што пишува на истите ја сакаат Македонија, но и не забораваат што тие како граѓани, но и државата поминала во времето кога тој бил на власт.