Јас и мојот тим предводени од ВМРО-ДПМНЕ се обврзуваме дека во ниеден момент нема да заборавиме оти сме одбрани да бидеме тука за своите граѓани и континуирано ќе работиме за нив, а од нив очекуваме поддршка за победа за да го реализираме замисленото. Вака кандидатот за градоначалник на општина Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Билјана Беличанец Алексиќ ја побара довербата од граѓаните на Кисела Вода.

-Скоро две децении со над педесетина успешно одиграни улоги и неколку илјади изведбина „штиците што живот значат“, многу награди и признанија, но постојано чекорејќи досега цврсто на земја, а од сега и решително исправена да застанам очи во очи и погледнам на новиот предизвик на патот по кој, нема место за импровизации, нема место за симулации и претпоставки, туку секојдневни, реални проблеми и предизвици со кои ние граѓаните на општина Кисела Вода живееме, истакна Беличанец.
Таа потенцираше дека заедно со својот тим изработиле достоинствена програма која се движи по трасирана насока на подобрување и подигање на степенот и квалитетот на здрава и функционална животна средина.

-Општина Кисела Вода, ќе ги направи сите потребни чекори, да овозможи услови и можности за брз и модерен начин на развивање на стопанството, со цел да биде современа економска општина. Ќе се залагаме за развој на постојните и создавање на нови економски капацитети кои ќе овозможат отворање на нови работни места преку привлекување на странски и домашни инвестиции како и подобрување на постојната и изградба на нова инфраструктура, ќе се фокусираме на подобрување на образовната инфраструктура во нашата општина и унапредување на образовните програми, ќе бидеме насочени кон обезбедување на правилен и здрав развој на децата и младите, адекватно задоволување на нивните потреби и нивно насочување кон позитивни вредности, ќе обезбедиме поедноставен и брз пристап до информации, брза и квалитетна услуга за граѓаните, како и поефективно и поефикасно функционирање на институциите на системот, подвлече Беличанец.
Нашата визија е, истакана таа, општина Кисела Вода да биде место за живеење со правилен урбанистички развој и облагороден простор за вршење на секојдневните активности на граѓаните. -Грижата за децата ќе биде во фокусот на нашата посветеност, а ќе овозможиме и достоинствен живот на старите лица.
Проширување на булеварот „Борис Трајковски“, развој на инфраструктурата за индустриската зона и гасификација на Кисела Вода, инвестиции во образованието, изградба на нов објект за ОУ „Невена Георгиева Дуња“ и во ОУ „Рајко Жинзифов“, изградба на две повеќенаменски спортски игралишта во село Драчево и во населба Пинтија, изградба на тениски терен во ОУ „Кузман Шапкарев“ во населба Драчево, реконструкција на Културниот дом во село Драчево и изградба на нов Културен центар во Кисела Вода, развивање на рекреативен центар кај месноста „Три Круши“ и реализација на повеќе од 30 проекти за подобрување на патната инфраструктура во општина Кисела Вода, Беичанец Алексиќ ги наброја као приоритетни проекти кои ги содржи нејзината програма и кои ќе бидат реализирани доколку ја добие довербата од граѓаните.