КОЦЕ ТРАЈАНОВСКИ, интервју
Вистинска круна на сообраќајни решенија во реализација на Град Скопје се кружните текови, кои го растеретија сообраќајот и ја зголемија безбедноста.
Изградбата на кружни текови е нешто ново кое во Градот Скопје доби навистина големо значење. Особено значаен е кружниот на булеварот „Теодосиј Гологанов“ кој што е турбо кружен тек и е единствен во Македонија и пошироко. Ги изградивме и двата кружни тека во Ѓорче Петров, кружниот тек во Бутел, а во тек е и изградбата на кружниот тек на границата меѓу општина Бутел и општина Чаир. Овие зафати допринесоа да се растерети сообраќајот во Скопје, но сметам дека за дополнително растеретување голема улога има и набавката на новите автобуси од страна на Владата на РМ и доброро менаџирање од страна на ЈСП-Скопје.
Покрај решавањето на сообраќајните проблеми, во изминативе години Градот се зафати и со подигнување на нивото на јавната хигиена во Скопје.
Во областа на комуналната хигиена истоа така направивме голем напредок. Во 2009 година во Скопје комуналниот смет се собираше со 6 стари камиони, постари од 20 години. За изминативе 4 години целосно го обновивме возниот парк на ЈП „Комунална хигиена“, тоа значи дека се набавија околу 60 нови возила. Набавивме и две современи метларки, кои придонесуваат за подобрување на хигиената на улиците… Можеме да констатираме дека овој изминат период е доста успешен за Градот Скопје.
Досегашните реализирани проекти за таткото на Градот не се доволни за целосно да ги решат проблемите на скопјани. Доколку повторно биде избран за градоначалник, градежната експанзија продолжува.
-Граѓаните на Скопје се сведоци дека Градот во изминативе 4 години доживеа една вистинска експанзија. Ние направивме многу во областа на проширување и реконструкција на улиците и булеварите, но сметам дека тоа не е доволно. Тоа беше само почетна фаза, а сега ќе одиме во втора фаза. Веќе објавивме тендери и склучивме договори за да правиме улици и булевари кои се на две нивоа или подземни. Еден од клучните проекти во наредниот период ќе биде и реализацијата на подземната сообраќајница на потегот од Владата на РМ покрај кејот меѓу Поштата и реката Вардар каде ќе почне подземно да оди, за да излезе кај Комплекс банки. Ова е многу важна сообраќајница за општина Аеродром… Исто така ќе почне и подземната сообраќајница на Јужниот булевар, позади Рамстор. Ние склучивме договор со јавен приватен партнер на кој му го доделивме земјиштето и тој треба да го изгради подземниот булевар над кој ќе има свои градби. Град Скопје го чека проектот од нив за да започне со проектирање на раскрсниците кај „Нова Македонија“, односно на деловите кај што Јужниот булевар се вкрстува со булеварот „Св. Климент охридски“ и на другиот дел кај што се вкрстува со „Кочо Рацин“ исто така да биде на две нивоа. Сметам дека понатамошните наши активности ќе бидат во изградбата на раскрсници на две нивоа, бидејќи мислам дека тоа е правото и единствено решение. Во таа насока ќе почнеме со проектирање на таква раскрсница кај Судска палата межу булеварите „Крсте Мисирков“ и „Гоце Делчев“, бидејќи и тука е едно од тесните грла.
-Јас сум веќе актуелен градоначалник на Скопје и граѓаните можат да ја оценат мојата досегашна работа. Над 500-те реализирани проекти за изминативе 4 години кои се дадени во Отчетот се еден од моите најголеми адути…