Со цел да им помогне на оние кои бараат вработување или започнување сопствен бизнис, општината Кисела Вода во соработка со Центарот за жени претприемачи организира интерактивна едночасовна работилница под наслов „Како до вработување или започнување сопствен бизнис“.

Интерактивната работилница претставува вовед во циклусот обуки за стекнување вештини за развој на кариера, претприемништво и ИТ кои ќе бидат спроведени во текот на месеците март - мај 2013.
Работилницата ќе се одржи во големата сала на општина Кисела Вода на 6 и 7 март 2013, со почеток во 12:00 часот. Влезот е слободен.