Вака го окарактеризира кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Кисела Вода, претседателот на владејачката партија и претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски.

- Билјана Беличанец Алексиќ е личност која што добро ја познавате. Како актер во драмскиот театар ја познаваат не само во Кисела Водаи не само во Скопје, туку насекаде низ Македонија. Но освен како одличен професионалец, за што несомнено ќе се изјаснат не само граѓаните, туку и нејзините колеги во Драмнскиот театар , за неа е добро познато дека се работи за многу сериозна и стабилна личност. За личност која што е полна со енергија. За личност што ја краси особина да е многу одговорна и многу работлива личност. Неуморен работник. Таков човек ќе добие Кисела Вода за наредните четири години за градоначалник. Таков градоначлник заслужува, рече Груевски.
Тој истакна дека Беличанец-Алексиќ е човек кој што кога ќе се зафати со некоја работа ја завршува брзо, ефикасно, темелно и оти не се откажува во ниту еден момент и дека токму таков човек ќе работи на остварување на програмата 2013- 2017 која долго време била подготвувана.
Груевски напомена дека програмата била направена заедно со граѓаните на општината и дека внатре се внимателно сублимирани, најважните приоритети согласно силите и можностите на општината.
Рече дека Беличанец – Алексиќ дала свој личен белег во таа програма и нагласи дека тоа е програма за која што цврсто ветуваат дека е реална и остварлива.