19 март 2013 г.

Беличанец: Сакаме повеќе, можеме повеќе

Токму овде во Кисела Вода е зародиштето на ВМРО-ДПМНЕ, токму овде е повеќедецениското јадро на ВМРО-ДПМНЕ. Како кандидат за градоначалник имам една главна стратешка цел, а тоа е перспективна иднина за сите нас, рече кандидатот за градоначалник за Кисела Вода Билјана Беличанец Алексиќ.
belicanec_1-500
-Храбро ќе се соочам со предизвиците, со заеднички сили да го одиме патот по кој сме тргнале. Денес ВМРО-ДПМНЕ е вистинското движење кое е предводено до Никола Груевски, рече Беличанец Алексиќ.
Беличанец Алексиќ наброи неколку главни проекти од својата програма која содржи вкупно 41 проект.
Развој на идустриската зона, Проширување на булеварот „Борис Трајковски“, Дртгален урбанистички план на булеварот „Борис Трајковски“, атмосферска и фекална канализација, создавање на нови работни места, реконструкција на спортската сала „Расадник“, изградба на репрезентативен обијект на влезот во Кисела Вода, реконструкција на културниот дом, асвалтирање на улиците, изградба на нови училишта, детски градинки, спортски игралишта, како и обезбедување на достоинствен живот на старите лица...
-По 24-ти март, секој ден, секој час ќе значи ново будење на Кисела Вода. Знам што значи секој на совето, знам што ни недостига, сакам поубав и среден дом, сакам убави средни училишта, сакам средена општина, средени улици, пред се чиста вода за пиење, затоа што името на нашата ошштина е Кисела Вода, истакна Беличанец Алексиќ.
Таа истакна дека сето ова е е предвидено во новата програма.
-Сакаме повеќе, можеме повеќе. Нема да заборавиме дека сме избрани од нашите граѓани, деноноќно ќе работиме за нив, но пред се ќе работиме домаќински, рече Беличанец Алексиќ.
Беличенец Алексиќ порача дека лавовски ќе се бори заедно за својот тим, сето она што го имаат замислено да го реализираат конечно од визија да стане реалност.