ПОЧНА ТРКАТА ЗА НАЈУКРАСЕН ОБЈЕКТ – НАГРАДА 10.000 ДЕНАРИ
Парична награда од 10.000 денари и платена сметка за електрична енергија за декември ќе добијат најуспешните граѓани во традиционалната предновогодишна манифестација „Новогодишни бои на Скопје“.
И оваа година ќе бидат избрани најубаво украсен двор од куќа, тераса од стан, угостителски објект и двор од средно училиште. Паричната награда ја доделува Град Скопје, а „ЕВН Македонија“ ќе ги ослободи победниците од обврската да ја платат декемвриската сметка, информира Дневник.
Пријавувањето е до 23 декември на телефонскиот број 3297-265. Фотографии од украсените објекти заедно со податоците за сопствениците, телефонски број и адреса, може да се испратат на булевар Илинден број 82, со назнака за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“ или на интернет-адресата mediumi@skopje.gov.mk.