6 декември 2012 г.


ПУШАЧИТЕ НЕМА ДА МРЗНАТ – ГРАДОТ СКОПЈЕ ДОЗВОЛИ ТЕРАСИ

Пушачите од Скопје кои по донесувањето на законот против пушењето со кои се забрани пушење во кафулиња и ресторани, мрзнеа надвор за да испушат по една. Сега може да здивнат зошто оваа зима нема да мора да стојат како избркани надвор.
Градот дозволи преградување на терасите на локалите во кои ќе има и греење, а каде ќе може и да се пуши, објави Вест.
“Согласно правилникот за поставување урбана опрема на јавна површина, ус­во­ен од Советот на Град Скопје, височината на преградите може да биде 1,50 метри. Дозволено е да се оградува со материјали кои не се фиксни, значи може да биде со стакло, плексиглас и слично. Доколку се поставуваат жардиниери, височината на жардиниерата може да биде до 80 сантиметри од земја, а останатите 70 сантиметри да бидат затворени со друг материјал”, велат од Град Скопје за Вест.