| Финишира изградбата на зелениот пазар во Кисела Вода |
Иако важи за најстара и една од најбројните скопски општини, Кисела Вода во изминатото шестдецениско постоење како локална самоуправа, немаше изградено ниту еден зелен пазар. Жителите, кои со децении мораа да патуваат до центарот на градот и за набавување на земјоделски производи да ги посетуваат Зелениот пазар во центарот или Бит-пазар, од средината на Декември пазарувањето ќе можат да го вршат на новиот зелен пазар во нас. Кисела Вода. Имено, општината Кисела Вода склучи договор со фирмата “Бортас” за изградба на нов зелен пазар на улицата “Франк Харкорд Манинг”, кој веќе го добива својот изглед. Пазарот ќе се простира на површина од околу 250 квадратни метри, каде во моментов се поставуваат 40 тезги со настрешници за продажба на земјоделски производи. Во изминатиот период на оваа локација егзистираа неколку тезги за продажба на земјоделски производи, кои никако не можеа да ги задоволат барањата и потребите на жителите на Кисела Вода за земјоделски производи. Во рамките на пазарот ќе има чешма за вода, тоалети, а ќе се обезбеди и пристап за возилата кои ќе ги доставуваат производите. Одржувањето на пазарот ќе биде во надлежност на ЈКП “Комуналец – Кисела Вода”, а за изградбата на овој пазар, општината од својот буџет издвои околу 4 милиони денари. ![]() ![]() |

