Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, најави инвестиција во вредност од 200 милиони евра.

- Оваа компанија се декларира дека ќе инвестира над 200 милиони евра во наредните три години, како што налагаат условите во јавниот повик и оти ќе вработи, што е моногу важно, најмлаку де илјади лица, изјави премиерот по поставувањето камен-темелник на Технолошко-индустриската развојна зона Алинци кај Прилеп.
Инвестицијата се остварува преку продажба на комплексот Џумајлија. Инвеститорот најавил и изградба на голема фабрика за производство на сточна храна и млекарница, како и одгледување на 20.000 грла добиток.
Оваа инвестиција ќе донесе нови 2.000 вработувања во наредните три години и според премиерот таа ќе биде од големо значење за граѓаните во регионот на овчеполието, но и на самата држава.
Компанијата ќе произведува млеко и млечни производи, а дел од производството ќе се извезува и надвор од Македонија.
- Се работи за крупна инвестиција чие име не би сакал да го спомнам бидејќи се надевам дека тие ќе си го соопштат тоа, затоа што знам дека инвеститорите најчесто сакаат самите да се промовираат. Но ќе кажам дека се работи за компанија чие име во Македонија е веќе слушнато, рече премиерот.
Компанијата инвеститор е фирма-ќерка на една мултинационална компанија од една поголема земја.