Две години рејтингот на лидерот на СДСМ е во константно опаѓање. Црвенковски е единствен меѓу претседателите на партии кои имаат драстично послаб рејтинг од сопствената партија и членство.

Вчераобјавените резултати од истражувањето на ИРИ го донесоа и најслабиот рејтинг за него. Со само 5 отсто, Црвенковски го доживеа најслабиот рејтинг во кариерата.
Дневник пишува дека СДСМ го порази својот партиски шеф прв пат во 2010 година. Оттогаш тој никако да фати чекор со другите политички лидери. Пиар-експертите коментираат дека всушност од личниот рејтинг на претседателот најмногу зависи и партискиот бидејќи тој е лицето на партијата.
Познавачите на партиските услови во СДСМ за весникот коментираат дека Црвенковски во 90-тите и до 2002 година е сосема еден тип политичар, за разлика од Црвенковски од 2009 година. Тие коментираат дека партијата може да му помогне на нехаризматичниот лидер да ја освои јавноста, но главно партијата е таа што зависи од поддршката на претседателот меѓу граѓаните.
- Еден од основните факти што придонесуваат за ваквиот сооднос на рејтинзите е тоа што сите популарни политичари од СДСМ, кои се издвојувале со своите ставови или имале забележителна поддршка меѓу членството се по кратка постапка „пуштени низ вода“. Харизмата на Црвенковски е намалена и е прашање дали по евентуален неуспех на новите локални избори ќе може да се повлече со дигнитет, вели професор Жидас Даскаловски за Дневник.

Дека нехаризматичноста на Црвенковски е онаа што него го оддалечува од граѓаните, познавачите на состојбата говореа и вчера. Никој не беше изненаден од фактот што струмичкиот градоначалник Зоран Заев има поголем рејтинг од лидерот на неговата матична партија. Оној кој гласно го критикуваше самоволието на Црвенковски, Михаил Младенов од првите редови на младината на партијата, од близу го знае состојбите во СДСМ.
-Се очекуваа вакви резултати. Само Црвенковски и кругот околу него не се свесни дека треба да ја напуштат партијата, односно раководните позиции во неа. Фактот што Заев има поголем рејтинг од него укажува дека станува збор за спротивставени феномени на личности. Заев е понароден човек, него многу често можете да го видите како шета на плоштадот во Струмица, се поздравува со луѓе. Додека, Бранко е тип на човек кој многу ретко можете да го видите освен на прес-конференција освен на Бихачка. Тоа е човек кој неретко ја има покажано својата ароганција на дело. Народот ги сфаќа тие работи и полека харизматичноста на лидерите паѓа во вода, изјави вчера Младеновски за Курир.
Црвенковски деновиве се соочува со критики од сите страни, а се закануваше и дека ќе ги брка неистомислениците како Бучковски и Бузлевски кои јавно говореа против него.