26 декември 2012 г.


Коце го препороди Скопје, реализираше над 500 успешни проекти за 4 години




Актуелниот градски татко на Скопје, Коце Трајановски денеска го презентираше отчетот за четиригодишното работење, па во него има место за над 500 успешни проекти кои трајно ги решија долгогодишните проблеми од урбаното живеење и го променија ликот на главниот град.
-Најмногу труд вложивме во решавање на двата клучни проблеми кои ги посочија граѓаните, решавање на сообраќајниот метеж во градот и подигнување на нивото јавната хигиена. Тоа беа двата приоритети кои ги поставив во мојата предизборна програма пред четири години – рече денеска Трајановски на денешниот отчет за досега сработеното.
Тој не сакаше да говори за новата кандидатура за нов четиригодишен мандат од граѓаните, но затоа потенцираше дека Мостот кај Сарај, булеварите Илинденска, Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, фекалните канализации и фекалниот колектор во Лисиче, ги издвои како реализирани проекти со кои се гордее.
Во изминативе четири години, Град Скопје изгради и проби околу 15.000 метри нови улици и булевари. Скопје ги доби проширените булевари Илинден, Србија, Св. Климент Охридски, Македонска војска, како и Борис Трајковски. Изградбата на првиот кружен тек во Ѓорче Петров, ја навести изградбата на кружни текови во Скопје како идеално решение за намалување на сообраќајниот метеж.
-По изградбата на кружните текови кај црквата Св. Петар и Павле, на улицата Боца Иванова и Лазо Трповски, вистинска круна на овој тип сообраќајни решенија  е турбо кружниот тек на проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов – додаде Трајановски.
Во Скопје се отворија и нови 1.500 паркинг-места, а катните гаражи што се градат на улиците Св.Кирил и Методиј и Даме Груев ќе обезбедат дополнителни 1.000 места за паркирање.
Трајановски информираше и дека подготвени се студии за воведување трамвај во Скопје, за изградба ски-патеки на Водно, како и за јавно-приватно партнерство за изградба на Луна Паркот.

k, trajanovski