26 декември 2012 г.


Бранко Црвенковски со ништо не заслужил луѓето да му веруваат, тој не’ води во пропаст. Заради него остававме без работа, а сега мисли со насилство ќе направи да заборавиме. Редно е да си замине од политиката.

anketa2
Ова е ставот на граѓаните по прашањата „Вреди ли да се прави граѓанска непослушност во име на Бранко Црвенковски“.
Лажго, лик без човечност, политичар кој тоне, кошмар за Македонија.Граѓаните не штедеа зборови за човекот кој го помнат како политичар кој нанесува зло на цела земја.
Дел од нив се гневни на лидерот на опозицијата, дел од нив уплашени од неговото однесување. Но никој не му верува, ниту планира да го следи неговиот повик за непослушност.
-Јас не знам со кое лице Црвенковски излезе пред народот и го повикува на таква непослушност. Со кое нешто он допринел и ние да го послушаме и да излегуваме на некој бојкот.Неговото е изминато. Тој треба да се тргне од оваа политичка сцена, да им отстапи простор на помладите од нивната партија за подобро на сите нас. Јас не знам кој свесен човек би излегол да повика на бојкот. До вчера се кажуваше дека е државник, не знам со кое лице излегува и повикува на такво нешто.
-Тој човек е кошмар за Македонија веќе 20 години. Последниве 10 години навистина е дојден над главата на народот.Мене фирмата Бранко ми ја затвори, на мојата госпоѓа тој фирмата и ја затвори, во негово време ќерка ми и снаа ми останаа без работа. Јас неможам за Бранко да кажам дека е добар човек и дека има нешто човечно во него. Тие беа на власт, ги видовме какви се луѓето. Воопшто не им верувам.
-Тој човек изгледа е нешто болен. Тие околу него не ги бива, рачунаат на него, ама човекот е болен.
-Бранко нема оставено простор да му веруваме. Тој е типичен лажго. Ни ја упропасти државата, доволно ни е од него. Конечно нека си оди!Нас лажго не ни треба, ни треба иднина.
-Тој е давеник, се дави и се фаќа за сламка. Ако може другите да ги однесе за да не потоне на дното.
-Бранко Црвенковски е очигледно против Македонија, против македонскиот народ. Тие луѓе што стоеја зад него, јас се прашувам дали се Македонци и како тој успеа да ги заведе.
Ова се само дел од изјавите на граѓаните.
Дополнително, тие посочуваат дека ако има луѓе кои му веруваат на човекот познат по илјадници отпуштени работници и лаги, нека му дадат нему доверба на изборите.
Повикот на Црвенковски го слушнаа само неговите слепи послушници, неговите најблиски. Дури и тие не го следеа во рушење на полицискиот кордон. Поддршка му дадоа со присуство, но не газеа преку закони во негово име.Тој ќе создава граѓанска непослушност, ама без граѓани. Бидејќи граѓаните не веруваат на зборовите на Бранко Црвенковски. Оние кои некогаш веруваа, не сакаат со насилство да решаваат нечија суета. Црвенковски остана сам да го создава хаосот во кој ужива. Граѓаните не се со него.