16 декември 2012 г.


Премиерот Никола Груевски, даде изјава во Брисел за заклучоците и Европската Унија, а исто така одговараше и на новинарски прашања кои се однесуваат на блокадите од страна на Бранко Црвенковски и опозициската СДСМ.

gruevski-500
-Најпрвин тој се обиде да ја разубеди Светската банка пишувајќи писмо на Претседателот на Светската банка дека во Македонија има лоши процеси и тоа беше изненадување, очигледно и за Светската банка, рече Груевски напоменувајќи дека обично лидерите на опозицијата кога станува збор за надворешните односи и надворешниот настап се трудат да помогнат за земјата, а внатре во земјата има конкурентност и борба за различни идеи, а надвор обично сите настапуваат позитивно борејќи се да и’ помогнат на државата.
-Овој пат како и многу пати претходно Г-динот Црвенковски директно се обиде да направи штета на Република Македонија на надворешен план. Да ја сопре поддршката на Светската банка на Македонија, а со тоа да сопре многу позитивни иницијативи и реформи што се одвиваат во нашата земја. За среќа тој доби одговор од Светската банка дека Македонија направи многу прогрес, многу реформи и е одличен пример и дека Македонија воопшто нема високо задолжување туку едно умерено задолжување кое што е едно од пониските во Европа, 30 проценти од БДП.
Груевски рече дека Црвенковски погоден од одговорот што го добил се свртел кон друг начин на негативно дејствување и правење штета, а тоа е блокада на Парламентот, блокада на Аранжманот со Светската банка, гаранцијата и позајмицата што требаше да ја добиеме и блокада на буџетот.
Од друга страна ваквите реакции на Црвенковски не го изненадуваат Премиерот.
- Познавајќи го него, затоа што тој секогаш кога бил на власт се обидувал да победи со блокада на добрите и паметни иницијативи од власта, а не со добри и паметни иницијативи од негова страна. Незнам како ќе ги погледне во очи пензионерите, како ќе ги погледне во очи земјоделците, како ќе ги погледне во очи стопанствениците кои што се задоволни што од крајот на септрември кога јавно ветивме дека ќе го намалиме долгот веќе значително сме го направиле тоа и во значајна мера, предвреме можеби од она што го ветивме. Незнам како ќе ги погледне на избори, но знам дека се обидува да направи штета сакајќи да добие некој политички поен и сакајќи нас да не прикаже како неспособни, како некои што нема да го исполнат ветувањето.
Груевски рече дека е очигледно дека Црвенковски прави штета или се обидува да направи штета на државата или на граѓаните и дека мисли дека тоа ќе биде казнето на следните локални избори, а дека ќе побараат начин да го надминат овој проблем со него.