2 декември 2012 г.

“Ноќ на Хероите” по втор пат во Драчево

Во сабота (01.12.2012 год.) во спортската сала „Нела Ар“ во Драчево ќе се одржи вториот турнир во боречки вештини „Ноќ на хероите 2012“. Станува збор за ново возбудливо натпреварување во ултимејт фајт – ММА, во организација на клубот за боречки вештини  “The Best” од Драчево. Љубителите на боречките спортови пред се на ММА вештините ќе имаат ретка можност на едно место да проследат четири квалитетни борби.
Според програмата на рингот ќе се појават: Марко Стевановски - Зоран Витанов, потоа Сашо Самоиловски - Милан Кусиќ (Србија) и Александар Лефков - Стафан Спасовски.
На крајот на вечерта, посетителите ќе можат да ја проселдат борбата на Гоце Димитриевски против Спасе Алтанџиев.
Покрај борбите во рингот, организаторот на турнирот, клубот за боречки вештини “The Best“ од Драчево подготвува и други атрактивни изненадувања за сите присутни во салата. Почетокот е закажан за 18.30 часот, а сите заинтересирани кои ќе сакаат да го проследат турнирот, влезниците ќе можат да ги купат на вратата на спортската сала по цена од 100,00 денари.