29 јануари 2013 г.

Каракамишева-Јовановска: Ако се расветлат случувањата во Собраниете, паѓаат тезите на СДСМ

Универзитетскиот професор Тања Kаракамишева-Јовановска во изјава за „Дневник“ појаснува дека партијата на Бранко Црвенковски ги одбива предлозите што засилено пристигнуваат во последно време за политички дијалог и надминување на политичката криза од три причини.
- Прво, кога би се расветлил 24 декември, излегувањето на улица на СДСМ, кое е интензивно во изминатиот период, ќе падне во вода и тие ќе треба да се вратат во Собранието – вели Kаракамишева-Јовановска за „Дневник“.
Таа нагласува дека ако се расветли ситуацијата во врска со нередите во и надвор од Собранието, ќе пропадне и причината зошто социјалдемократите бараат предвремени избори, затоа што се свесни дека не се во право.
- И трето и најважно, со расчистувањето паѓаат во вода тезите на СДСМ дека Македонија нема институции со демократски капацитет – додава Kаракамишева-Јовановска.
Црвенковски е единствениот кој го одби предлогот на Иванов, откако истиот беше поддржан од Европската Унија, премиерот Груевски и претседателот на Собранието Трајко Вељаноски.