Со вградената термоизолација на фасадите и заменетите прозорци, односно спроведените мерки за енергетска ефикасност, Општина Kисела Вода минатата година заштедила околу 280.000 евра, соопштија локалните власти. Според нивните процени и математики, станува збор за 1.752 мегават-часови, што значи и намалување на емисиите на јаглероддвооксид на нивна територија за 381 тон годишно.
- Горенаведените заштеди се резултат на воведување н енергетски менаџмент (управување, регулација и мониторинг на потрошувачката на енергија) во објектите под општинска надлежност. Пред се`, енергетска обнова на обвивките на општинските објекти, подобрување и регулација на термотехничките системи - информираа надлежните од Kисела Вода.
Особено добри резултати се постигнати кај училишната зграда на основното училиште „Партенија Зографски“. По спроведените мерки, годишната заштеда на топлинска енергија изнесува 82 отсто, а заштедата на греење, ладење и осветлување - за околу 74,5 проценти.
- На тој начин имаме финансиска заштеда од околу 3.494.827 денари годишно, околу 57.000 евра, и намалувањето на јаглероддвооксид за 92,5 тони. Училишната зграда од енергетски неефикасен објект, сега е класа Б-високоенергетски ефикасен објект. Притоа се здоби со енергетски пасош изработен во согласност со директивите на Европската унија, прв од таков вид поставен на јавен објект во Македонија - тврдат општинските власти.
Според Програмата за енергетска ефикасност 2010-2014 година, големи заштеди очекуваат од проектот за јавно-приватно партнерство кај јавното осветлување, преку замена на живините светилки со лед-светилки.
Воедно и воведување систем за управување со уличното осветлување. Потенцираа дека очекуваат заштедите на електрична енергија да се движат од 65 до 70 проценти, но исто така да се минимизираат трошоците за одржување.